Нашата компанија започна со работа во 2004 година. Ја основавме компанијата како мала фамилијарна фирма со неколку вработени, работејќи посветено и вредно низ годините, за да прераснеме во препознатлив бренд на полиците во најголемите маркети каде што сме денес.
Работењето во областа на прехрамбената индустрија ни претставува особено задоволство, но истовремено и голема одговорност и предизвик. Да се биде во чекор со конкуренцијата и во тек со модерното работење воопшто не е лесно, но од друга страна, фактот дека опстојуваме на пазарот повеќе од 14 години, сам по себе значи дека го имаме рецептот за успехот.
Денес нашите салати можат да се најдат во сите поголеми ланци на маркети низ земјава, како и во повеќето земји од регионот.